Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Собраниски заклучоци за Кочани: Апасиев повикува на правда, институционална одговорност и обесштетување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryd143n0lh9tmfa5C1yiL
YouTube/Print Screen

Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија за слободата и правата на граѓанинот, Димитар Апасиев, информира дека до сите пратенички групи во Собранието доставил Предлог-заклучоци од одржаната седница на Комисијата, поврзана со претставката на родителите на загинатите деца во трагедијата во Кочани.

— реклама —

„Очекувам предложените заклучоци да бидат едногласно усвоени на првото продолжение на V-та седница на Постојаната анкетна комисија“, соопшти Апасиев преку социјалните мрежи.

— реклама —

Со Предлог-заклучоците најостро се осудува институционалната нефункционалност која доведе до трагедијата од 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што се изразува и најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и до повредените. Во документот се укажува на сериозни институционални слабости, системско непочитување на законите и можни обиди за прикривање на одговорноста, што, како што се наведува, наметнува итна и решителна реакција од сите државни институции.

— реклама —

Комисијата бара спроведување независна, транспарентна и темелна кривична постапка со која ќе се утврдат сите одговорни лица и институции, при што одговорност мора да понесат и носителите на јавни функции, без какви било исклучоци.

— реклама —

Во заклучоците се потсетува дека правото на живот е највисока вредност во уставниот поредок на државата, поради што се упатува повик до Јавното обвинителство да постапува непристрасно, навремено и неселективно, со цел да се обезбеди правда за жртвите и нивните семејства.

Дополнително, се изразува загриженост за наводите за корупција во постапките за издавање дозволи и во инспекцискиот надзор. Во таа насока се препорачува Собранието да усвои итни законски измени за унапредување на регулаторниот и инспекцискиот надзор врз угостителските и другите објекти наменети за одржување јавни настани, како и за заострување на кривичната одговорност на службените лица кои не постапуваат согласно закон.

Се поддржува и одржување надзорна расправа во Собранието за утврдување на институционалната одговорност и предлагање конкретни мерки за превенција, при што се нагласува потребата од ефикасен и независен правосуден систем и целосно искоренување на корупцијата.

На крајот, Апасиев упатува апел до пратениците од власта и опозицијата да постигнат консензус и да донесат посебен закон за обесштетување на семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани, а усвоените заклучоци да бидат доставени до Владата и до Јавното обвинителство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarys8b2fdmrfg108TXYQZ6

Апасиев: Сѐ што е анти ВМРО треба да се построи под бајракот на Левица

Македонија | пред 5 дена

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев обвинува: „Обвинителството се вмроидизира, случаите ‘Талир’ ќе застарат“

Македонија | пред 5 дена

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев со анализа за Куба: Инвестира во фотоволтаици додека се соочува со санкции

Коментари | пред 1 седмица

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Антикорупциска ја проверувала сметката на Апасиев: Ви помина законскиот рок за постапката, ќе наминам да видам баш што сте откриле

Коментари | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања