Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Собраниските комисии денеска ќе расправаат за ДДВ, игрите на среќа и работниците во странство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library2usa516otu319IXcNE8

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет и Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија.

— реклама —

Пред членовите на Комисијата за економски прашања ќе се најде Предлог-законот за изменување на Законот за упатување работници од Република Северна Македонија во други држави за изведување градежни работи преку проектни договори и за вршење други сезонски работи, во прво читање.

— реклама —

Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа за два значајни законски предлози – Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, исто така, во прво читање.

— реклама —

На седницата на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, ќе ја претстави платформата за дипломатските активности како кандидат за вонреден и ополномоштен амбасадор и шеф на Постојаната делегација на Република Северна Македонија при НАТО.

Пред членовите на Комисијата својата програма ќе ја презентира и Светлана Гелева, кандидат за вонреден и ополномоштен амбасадор и постојан претставник на Република Северна Македонија при Советот на Европа во Стразбур.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4rm6l134lf86d5IOaVR

Без државен регистар и со бројни бариери: слепите лица бараат подобри услови

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library2usa516otu319IXcNE8

Четири собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и избор на член на Судскиот совет

Македонија | пред 1 седмица

media-library2usa516otu319IXcNE8

Пратениците изгласаа измени на законите за јавниот сектор, платите, високите раководители и шумите

Македонија | пред 2 седмици

Sobranie-zgrada

Три собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и антикорупциската стратегија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања