Социјалната пензија пред пратениците по скратена постапка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
penzija

Сите граѓани постари од 65 години, кои не ги исполниле условите за пензија и не работеле ниту ден, оваа година ќе добијат државна пензија.  Со законот ќе им се овозможи на лицата постари од 65 години кои немаат доволно или воопшто работен стаж, а се без приходи, да добиваат државна пензија од 6.000 денари месечно.

— реклама —

Со Законот за социјална сигурност на постари лица кој пратениците ќе го гласаат во скратена постапка ќе бидат опфатени само граѓнаните чиј брачен или вонбрачен партнер, исто како нив, не зема редовна пензија и нема друг приход.

Пензијата која на почеток ќе изнесува 6.000 денари еднаш годишно ќе се усогласува со трошоците на живот. Социјалната пензија нема да ја исплаќа Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, туку центрите за социјални работи.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања