Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
paridenari1

Грижата за најранливите категории на граѓани е врвен приоритет на СДСМ – Тоа е најдоброто за нашата општина, за нашата држава. Владата предводена од СДСМ и општините покажуваат вистинска грижа за сите граѓани, од работници, преку сиромашни, до лица со попреченост, велат од СДСМ.

„За нас како социјалдемократска партија, еден од врвните приоритети е заштитата на достоинството на работниците.

— реклама —

За таа цел, минималната плата ја покачивме од 9.000 на 15.200 денари. А, денеска, имаме просечна плата од 28.764 денари, односно платите се покачени за најмалку 100 евра.

— реклама —

Резултат на нашите успешни политики е токму Законот за минимална плата, кој предизвика значителен раст на платите.

— реклама —

Од 1 јануари 2022 просечната плата ќе стане 500 евра, а минималната плата 300 евра.

Фокусот на нашето работење е свртен кон трајно извлекување од сиромаштија преку реални мерки и политики.

Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто.

И понатаму продолжуваме да излегуваме во пресрет на најранливите, а со тоа и најпогодени од сиромаштијата преку парична помош и нивно вклучување на пазарот на трудот.

Истовремено, Владата предводена од СДСМ покажува вистинска грижа и борба за достоинствен живот за возрасните.

Во таа носока воведовме државна социјална пензија од 6.000 денари за нашите сограѓани над 65 години кои не исполнуваат услови за стекнување на пензија.

Нашата грижа не застанува тука.

Општините создаваат услови за активно вклучување на лицата со посебни потреби во одлучување на општините.

Воведовме лични асистенти за лицата со попреченост.

Активно и посветено работиме на отстранување на сите бариери на локално ниво за лицата со попреченост и нивна целосна интеграција во општеството.

Мерките и политиките на СДСМ и општините со најдоброто носат вистинска грижа за сите“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања