Во разговор за МИА, отец Бобан Митевски вели дека согласно мерките и препораките, денес во реката Вардар ќе влезат околу 10 лица кои претходно учествувале, односно лица кои се физички подготвени.
– Годинава поради полабави мерки настанот ќе се организира, но со придржување до препораките коишто важат од здравствените власти, зборувам за Скопје. Годинава сепак ќе го има, но во согласност со мерките и препораките при што не е организациски објавено. Ние тоа го направивме брифирајќи, оние коишто би сакале да влезат во осветените води на реката Вардар и биравме од оние кои досега веќе го правеле тоа или луѓе коишто знаеме дека се подготвени физички и кои се сериозни во пристапувањето кон овој чин. Годинава тоа се случува со еден таков избор само за да се задржи форматот и да се изврши обичајот. Ако имаше пријавувања тоа ќе значеше дека може да се пријават 50, 60 луѓе кои сепак ќе дојдат со придружници, а тоа е голем број, заради тоа се одлучивме на овој начин, да го задржиме обичајот, никого да не фаворизираме, но да одбереме луѓе кои се физички подготвени со спортски дух – вели отецот.
Извор: МИА