Сојузот на средношколци го објави својот став за наставата со физичко присуство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-09-06-at-11.05.33

На 30 јануари 2022 година Генералното собрание на Сојузот на средношколци едногласно одлучи уште еднаш да го потврди ставот донесен пред две години дека наставата треба да се одвива во училишните клупи.

— реклама —

„Во тој поглед, Сојузот ја поздрави одлуката на Министерството за образование и наука наставата да започне со физичко присуство од вторник, 1 февруари. Потсетуваме дека ние овој став го делиме со Комисијата за заразни болести и со претставништвото на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија.

— реклама —

Сојузот верува дека во најлоша ситуација наставата треба да се одвива комбинирано, додека во најдобра таа може да биде и целосно физички. Доколку се јави влошување, тогаш препорачуваме да се оди на комбинирана настава, а не целосно онлајн.

— реклама —

Најпрвин, сите средношколци, но и членовите на пошироката јавност, се свесни дека интерактивноста и квалитетот на наставата се на далеку повисоко ниво кога таа се одвива во училница споредбено со од далечина. Понатаму, оценките не можат да бидат адекватно проверени во онлајн наставата, додека таа со физичко присуство овозможува соодветна валидација.

Што се однесува на физичкото здравје на учениците, во училиштата веќе постојат ригорозни протоколи кои го чуваат здравјето. Ја потсетуваме јавноста дека токму поради амандман предложен од Сојузот во Протоколот се воведе редарска служба во училиштата за време на одморите. Првото полугодие помина целосно со физичко присуство, а стапката на заразеност беше екстремно ниска – факт што покажува дека училиштата биле најбезбедните средини за средношколците.

Покрај физичкото здравје, состојбата со менталното здравје на учениците беше многу влошена поради пандемијата. Одлуката наставата да се одвива во училишните клупи им овозможува социјализација на средношколците, а на училишните психолози им дава шанса да разговараат со нивните ученици околу нивното ментално здравје.

За крај, не смееме да заборавиме дека образованието треба да биде приоритетен општествен сектор на една држава. Во време кога економијата функционира нормално без никакви рестрикции, во време кога сите други тривијални сектори се преплавени од посетители, не смееме како општество да си дозволиме образованието да го направиме исклучок. Тоа едноставно треба да биде на прво место.

Заклучно, Сојузот верува дека полугодието не треба да почне од далечина, туку во самите училишта бидејќи наставата ќе биде квалитетна и интерактивна, оценката ќе биде валидна, физичкото здравје ќе биде зачувано, менталното здравје ќе биде запазено, социјализацијата меѓу средношколците ќе продолжи да биде во училиште. Ваквата одлука е потребна за образованието да биде државен приоритет број еден“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања