Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Шок на Вимблдон: Финалистката од Ролан Гарос елиминирана уште во првото коло

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Спорт
media-library5vkk4o9572aj27AOPkZ
фото: unsplash

Големо изненадување беше забележано уште на стартот на Вимблдон, откако полската тенисерка Маја Хвалинска го заврши настапот уште во првото коло на турнирот.

— реклама —

Хвалинска беше поразена од Тајланѓанката Мананчаја Савангаеве со 2:1 во сетови (2:6, 7:5, 6:2), иако одлично го отвори натпреварот и убедливо го доби првиот сет.

— реклама —

Сепак, во вториот сет Полјачката се здоби со повреда на зглобот, што значително влијаеше на нејзината игра. Иако повредата изгледаше сериозно, Хвалинска реши да го продолжи мечот.

Таа имаше и меч-топка при водство од 5:2 во вториот сет, но поради отежнатото движење не успеа да го приведе натпреварот кон крај.

— реклама —

Савангаеве ја искористи ситуацијата, успеа да направи пресврт во вториот сет, а потоа сигурно го доби и третиот за пласман во следната рунда на Вимблдон.

За Хвалинска сега следува период на опоравување, со надеж дека повредата нема подолго да ја оддалечи од тениските терени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh8356bdbmgu2c4AUqOv

Алкарас го победи Басилашвили и се пласира во четвртфиналето во Виена

Спорт | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-10-10-at-12.19.12

Рафаел Надал повторно ќе игра тенис, се враќа по две години

Спорт | пред 1 месец

media-librarygbu8e1iabj3d8dgQmFg

Што го „убива“ модерниот тенис? Долги мечеви, густ календар и сè повеќе повреди

Спорт | пред 1 месец

media-libraryqhqa7nred8kq7i28rO8

Сабаленка продолжува да доминира на УС Опен: Стигна до четвртфиналето

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања