„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Солза Грчева: „Оваа Влада е штетна, неодговорна и корумпирана“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
solza-770x444

Солза Грчева претседателот на „Глас за Македонија“, со нови критики кон актуелната Влада раководена од СДСМ. Денеска испратија соопштение во кое се вели дека оваа Влада е штетна и корумпирана и не може да ја однесе државата во ЕУ.

— реклама —

„Оваа Влада, покрај коруптивниот процес за уставни промени, не се срами да ги корумпира сите јавни институции со додатни партиски вработувања, сега воведувајќи заменици директори во секоја институција.

Тоа е партијата, која во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ гласно реагираше на многубројната администрација која беше злоупотребувана најмногу во време на избори. Сега оваа Влада, во пресрет на избори, избезумено вработува непотребни партиски кадри со народни пари, во услови кога се живее се посиромашно, а економијата е во слободен пад.

— реклама —

Таа е партијата која отворено лажеше дека ќе изврши реформи токму и во јавната администрација.

Граѓаните треба да бидат свесни дека најголема корупција се токму непотребните и по правило, партиски вработувања. Тоа се заробени институции, против кои кога партијата беше во опозиција, божем се бореше.

Оваа Влада е штетна, неодговорна и корумпирана. Најмалку од се, ваква Влада може да не однесе во ЕУ. Со неуставен Закон за амнестија, со измени во Кривичниот законик само за намалување на казните за поткуп на пратениците, со масовни вработувања во администрацијата, оваа Влада не води во Африка и никако кон модернизација и благосостојба“, се вели во соопштението на оваа партија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања