„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Солза Грчева повикува на бојкот на јавните дискусии за уставните измени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
solza-770x444

Денеска, во организација на владата започна караван наречен Јавни дискусии во врска со нацрт амандманите за измени на Уставот на Република Македонија.

— реклама —

Прво, јавното соочување на стручњаците и политичарите со народот, како носител на суверенитетот на државата, требаше да се одржи пред уставните измени да започнат или воопшто да влезат во Собранието!Организиран пост фестум, циклусот, поточно циркусот од пет јавни дискусии е уште еден удар по демократијата и правната држава.

Второ, навредливо за здравиот разум е што јавните дискусии ќе ги водат :

— реклама —

- експерти од општа пракса (меѓу нив само еден-двајца професори по уставно право);

- политички функционери во владата и гласноговорници на меѓународната заедница, кои уште пред да стигне тн. Преспански договор на маса, беа негови (добро платени) огнени поддржувачи и промотори на грчките интереси

-нема ниту еден говорник кој не го поддржува договорот, а тој би бил најлегитимен според резултатите од пропаднатиот референдум

Во недостаток на основните елементи на јавна дебата – стручност, објективност, непристрасност, ова е непотребно исполнување на “демократска процедура“, кое станува лакрдија! Можеби и затоа дискусиите се закажани во државни институции, кадешто може да се обезбеди присуство по службена должност и “коректно“ однесување на присутните, доколку ги има.

Глас за Македонија ги повикува своето членство, симпатизери и јавноста, да ги игнорира/бојкотира ваквитекозметички јавни дискусии и во согласност со својот категоричен, негативен  став за промената на името како услов за влез во НАТО и ЕУ, гласно повторува:

Народот го кажа своето НЕ за промената на Името на државата на 30 септенври на Референдум и само со истиот правен механизам тоа може да се смени!

Оттаму, Глас за Македонија најавува политичка кампања која ќе води кон поништување на сите одлуки на Собранието на РМ спротивни на Уставот, со кои се менува Името на државата, а со тоа, се посега по националниот Идентитет и меѓународната позиција на Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања