„Бегајте, евакуирајте се, човечкиот живот е бесценет“, апелираше директорот на ЦУК до граѓаните во загрозените подрачја
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција рече дека необјасниви се причините како одеднаш пламнуваат толку пожари и рече дека МВР работи на откривање на причините.
„Пожарите се шират со чудна брзина. Дури имаме сомнителни моменти како тоа на некој места се палат тие пожари одеднаш, на повеќе локации. Полицијата работи на утврдување на причинителите“, рече Ангелов.