Промени тема
Контакт

Сонце и ниски температури

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
244439241_601954437614002_8313558720993133532_n

Утрово најниската температура била измерена на Попова Шапка од -12 степени, -11 степени биле измерени на Маврови Анови, -8 во Крушево, -7 степени во Охрид, и Битола, -6 во Тетово, Претор, Прилеп, Демир Капија и Струмица, -5 степени во Скопје-Петровец и Берово, -4 во Крива Паланка, -3 во Штип и Виница, -2 во Скопје-Зајчев Рид, 0 во Куманово, Дојран и Гевгелија.

Снежната покривка во 7 часот изнесувала 44 сантиметри на Попова Шапка, 40 сантиметри на Маврови Анови, 14 сантиметри во Пожаране, 8 сантиметри во Крушево.

— реклама —

Денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Максималната температура ќе достигне од 0 до 9 степени.

— реклама —

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

— реклама —

Ведрото време, според УХМР, ќе услови во следните денови утринските температури да бидат ниски, особено во среда и четврток кога на места ќе се спуштаат и под минус 11 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања