Според прогнозата на УХМР, времето претпладне во поголем дел од земјава ќе биде сончево со мала облачност, а во западните делови умерено до значително облачно. Попладне облачноста ќе се зголеми и во останатите делови, а во текот на ноќта кон недела во крајните западни делови ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег. Во источните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 4 до 13 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена, а попладне и значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 6 степени.