Сончево со температура до 14 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG_4235

Најниски температури утрово во земјава се измерени во Берово, минус четири степени, во Битола минус два и минус еден степен во Струмица и во Демир Капија.

— реклама —

Како што соопшти УХМР, термометарот нула степени покажа во Скопје кај Петровец, Тетово, Штип, Прилеп, Крива Паланка, еден степен во Куманово, Гевгелија, Дебар и Маврови Анови, два во Скопје на Зајчев Рид, Лазарополе и Претор. Следат Охрид, Виница и Крушево со три степени, четири во Дојран, пет во Попова Шапка.

— реклама —

Во текот на ноќта и утрово преовладуваше малку до умерено облачно време, со појава на слаба магла по одделни котлини.

— реклама —

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне 14 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања