Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сончево со ветер над 60 км/ч: Еве какво време нè очекува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-35-4260PM

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, кој на моменти ќе надминува 60 километри на час.

— реклама —

Минималната температура ќе се движи од 4 до 10 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 15 и 21 степен.

— реклама —

Во Скопје се очекува слично време – сончево со умерена облачност и умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 20 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, од вторник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На одделни места врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток се очекуваат услови и за изолирана појава на грмежи.

— реклама —

Југоисточниот ветер ќе остане засилен, особено во вторник долж Повардарието, каде ќе достигнува брзина над 60 километри на час.

— реклама —

Кон крајот на неделата, во петок и сабота, се очекува стабилизирање на времето со претежно сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6ug3fl146464dJlt1Xb

Магла во котлините и северен ветер: Најмногу дожд наврнал во Лазарополе и на Попова Шапка

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
vreme

Променливо облачно време и повремени врнежи во Македонија

Македонија | пред 15 часа

IMG_4715

Слаб до умерен северен ветер и променлива облачност низ Македонија

Македонија | пред 1 седмица

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-57-7740PM

Денес 15 степени, а за викендот и минусни температури: Какво време нè очекува?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања