Промени тема
Контакт

Сообраќајка кај Кавадарци: 19-годишник возел пијан и без дозвола, се превртел со автомобил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12
Илустрација

Деветнаесетгодишен возач од кавадаречко се здобил со повреди откако со возило се превртел на локалниот пат Кавадарци – село Ресава.

— реклама —

Како што информира МВР, настанот бил пријавен на 2 април во ОВР Кавадарци, кога патничко возило „даеву ланос“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(19) од село Бегниште, излетало и се превртело на коловозот.

— реклама —

Возачот се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кавадарци, каде што е задржан на лекување.

— реклама —

По преземените мерки, било утврдено дека тој управувал без положен возачки испит и под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта.

По насоки од јавен обвинител, возилото било одземено, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytvb6nkcknph14CMmrcA

Ресенчани нападнале жена, на едниот му била сопруга, а на другиот роднина

Македонија | пред 21 час

— реклама —
semejno-nasilstvo

Кавадарчанец ја нападнал вонбрачната сопруга со тврд предмет, полицијата го уапси

Македонија | пред 22 часа

media-libraryv3n0f437ho8d45dekpt

Ја искршил вратата од домот на чичко му, кршел покуќнина, па ја нападнал и сестра му

Скопје | пред 22 часа

media-libraryvrb8vtc7b44l3MDjsWP

Вандализам во Центар: Искршен излог на ресторан, полицијата го расчистува случајот

Скопје | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања