Промени тема
Контакт

Сообраќајот без прекин, но отежнат: Поставуваат нови семафори на влезот во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryv1nltt7a38cc1GWVltm
Скопје1.мк

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје в недела, на 7 јуни, со почеток од 08:00 часот, ќе вршат монтажа на нови портални семафорски столбови на булеварот „Александар Македонски“, кај пешачкиот премин во близина на бензинската станица „Макпетрол“.

Од претпријатието информираат дека на локацијата ќе бидат поставени и нови светлосни сигнали согласно одобрениот сообраќаен проект, откако постојните неодамна беа оштетени во сообраќајна незгода.

— реклама —

Работите ќе се реализираат во две фази. Во првата фаза, која ќе се изведува на страната од влезот во Скопје, возилата ќе бидат пренасочувани преку клучката кон Сингелиќ и Маџари.

Во втората фаза, која ќе се одвива на страната од излезот од Скопје, сообраќајот ќе биде пренасочен кон улицата „Благоја Стефковски“.

Од ЈП „Улици и патишта“ посочуваат дека на терен ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и опрема, а ќе бидат ангажирани и редари за регулирање на движењето.

— реклама —

„Сообраќајот во неколкучасовен период ќе се одвива отежнато, но без целосен прекин. Апелираме до граѓаните за трпение и почитување на поставената сигнализација до завршување на работите согласно предвидената динамика“, информираат од претпријатието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

0-02-05-5364f9d6ea0ae3cd247890b53b47aa6f9401089832887e040cdc88911f61e340_21d26050bad

Им ја дадоа платата на вработените во „Улици и патишта“, по вчерашниот штрајк и најавата дека ќе одат кај градоначалничката да протестираат

Скопје | пред 1 година

ulici-i-patista

(Фото) На „Улици и патишта“ им ја исклучија па вклучија струјата оти должат за сметки, а дел од вработените штрајкуваа барајќи ја платата

Скопје | пред 1 година

arso

(Видео) „Нека ни даде плата да и купиме цвеќе за роденден“, вработените од „Улици и патишта“ на протест, Данела ја слави 45-та година

Македонија | пред 1 година

marjan-ulici

(Видео) Врие во „Улици и патишта“: плата до петок, или цела механизација пред Град Скопје во понеделник

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања