Промени тема
Контакт

Сообраќајот на патот Штип-Делчево нормализиран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
avtopat-koli-3

Сообраќајот на магистралниот пат Штип-Делчево, кој претходно беше во прекин поради случена сообраќајна незгода во близина на Кочани, е нормализиран, соопштија од АМСМ.

Додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

— реклама —
— реклама —

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

— реклама —

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања