Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Сопругата го оставила сред автопат во Германија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
avtopat-stip-skopje

Пауза за цигара на автопат, се покажа како неочекувана авантура за еден маж од Албанија кој патувал со сопругата во Германија.

За време на сообраќаен метеж на автопатот А-7 кај Фусен во јужна Германија, човекот излегол од автомобилот за да испуши цигара. Но притоа, сообраќајот почнал да си тече побрзо, а неговата сопруга се оддалечила без него, пишува порталот Феникс-магазин.де. Нешто подоцна, баварската полиција добила пријави за пешак на автопатот А-7 во граничниот тунел Фусен. Се работело за мажот кој очајнички си ја барал сопругата.

— реклама —

Тој подоцна ѝ рекол на полицијата дека неговата сопруга едноставно продолжила да вози кога се расчистил сообраќајниот метеж.

— реклама —

Човекот бил преземен од патрола. Неговата сопруга потоа била контактирана по телефон за да го земе сопругот.

— реклама —

Двојката потоа го продолжила заедничкото патување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања