Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сопругата на македонскиот државјанин кој е осомничен за убиство на жена во Грција: „Сигурна сум дека е невин“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
policija-grcija

Нови детали излегоа на виделина во случајот со убиството на Ставрула Левентаки на Крит, за кое е обвинет 43-годишен македонски државјанин Миско Л, кој денеска треба да се појави пред надлежниот суд.

Медиумот „Лајв њуз“ објави аудиоснимка од телефонски разговор меѓу обвинетиот и братот на Ставрула Левентаки, во која се откриваат делови од нивната комуникација по исчезнувањето на жената.

— реклама —

Според „Лајв њуз“, во разговорот обвинетиот изразува желба таа да биде пронајдена, наведувајќи дека така би можел да има „помирен живот“ и дека му е важно нејзиното здравје.

— реклама —

Во телефонскиот разговор, 43-годишникот вели дека е исплашен и дека единствено сака жената да биде пронајдена.

Во меѓувреме, неговата сопруга во изјава за телевизијата „Мега“ истакна дека верува во неговата невиност и дека ќе продолжи да го поддржува.

— реклама —

„Сигурна сум дека е невин. Го поддржувам и тоа до смрт. Мојот сопруг никогаш не погледнал друга жена, ниту кога беше помлад, ниту сега кога сме заедно веќе 20 години“, изјавила таа.

— реклама —

Според неа, Ставрула Левентаки била необична личност и целиот случај претставува заговор против нејзиниот сопруг.

Според досегашните информации, 43-годишниот македонски државјанин, кој го изнајмувал имотот на Левентаки, признал дека ја убил. По убиството, како што пренесуваат медиумите, тој го ставил телото во вреќа, го превезол со автомобил и го закопал на нива, на околу пет километри од куќата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 8 часа

— реклама —
uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 1 ден

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 3 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања