Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

„Сопругата на Роберт Вељановски избрана за надзор над прислушувањето“, Левица обвинува за непотизам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 53 минути -

Македонија
media-library3vbsh2bl1e342Bgqyoh

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Од Левица обвинуваат дека, како што предупредувале, за граѓански надзор над следењето на комуникациите е избрана Гордана Стефковска-Вељановска – сопруга на Роберт Вељановски, директор на Драмски театар.

— реклама —

„Како што предупредуваше Левица, ДПМНЕ го претвори изборот на членови на Советот за граѓански надзор во уште едно партиско екипирање. По гласањето во Собранието, за членка на телото задолжено за граѓански надзор над следењето на комуникациите беше избрана Гордана Стефковска-Вељановска – сопруга на Роберт Вељановски, директор на Драмски театар, поранешен носител на советничката листа на ДПМНЕ во Карпош и поранешен член на Извршниот комитет на ДПМНЕ.

— реклама —

Предупредувавме дека власта се обидува да ги постави своите луѓе на позициите од кои треба да се контролира работата на безбедносните служби. Сега тоа и официјално го потврди со скандалозно собраниско гласање. Петмина други кандидати со образование од правните и безбедносните науки не ја добија поддршката на надлежната собраниска комисија, додека предност добија кандидати без соодветен стручен профил за оваа исклучително чувствителна функција.

Советот за граѓански надзор треба да биде независна институционална брана против незаконското следење на комуникациите и злоупотребата на безбедносните служби. Неговата задача е да контролира дали државата незаконски навлегува во приватноста на граѓаните, а не да биде продолжена рака на власта. Кога ДПМНЕ поставува партиски и семејно поврзани кадри во ова тело, независноста на надзорот ИСЧЕЗНУВА.

— реклама —

Кој ќе ја контролира власта кога ќе одлучи чии комуникации ќе се следат? Кој ќе ги заштити граѓаните од политички мотивирано прислушување ако надзорниот механизам е исполнет со кадри блиски до истата таа власт?

— реклама —

Во држава со историја на масовно прислушување, ваквото партиско и семејно поврзано назначување е директен удар врз демократијата и врз довербата во механизмите што треба да ги штитат граѓанските слободи. ДПМНЕ не се обидува само да ги контролира институциите – се обидува да ја отстрани контролата врз сопствената моќ да ги следи граѓаните и политичките неистомисленици“, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

Levica

Левица: ДПМНЕ ги одби предлозите за поддршка на домашното стопанство, железницата и заштита на природата

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: ДПМНЕ ги одби сите наши амандмани за безбедноста, Армијата и контролата на јавните средства

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Дали Обвинителството ќе ја прошири истрагата кон судијката-тетка на насилникот Корабоски, Гордана Билеска, за која се сведочи дека се обидела да влијае врз доказите?

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Зошто обвинителот Арнаудоски сѐ уште го води предметот за Сара - кој ќе ја испита неговата непристрасност и интегритет?

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања