Сопругата од Мијалков позитивна на КОВИД 19, Сашо Мијалков развил симптоми, а ќе се тестира денеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Судењето за случајот „Таргет -Тврдина“ денеска е одложено бидејќи обвинетиот Сашо Мијалков развил симптоми на Ковид-19. Неговиот адвокат Љупчо Шврговски, во судницата рече дека синоќа бил известен од Мијалков дека неговата сопруга Ана Мијалкова е позитивна на тестот на коронавирус.

— реклама —

Мијалков денеска ќе биде тестиран, а резултатите потоа ќе бидат доставени до судот.

Во предметот „Таргет-Тврдина“, покрај Милајков обвинети се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања