Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Сопругот на исчезнатата Злата Јанкова започна штрајк со глад пред полицијата во Свети Николе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 часа -

Македонија
media-libraryrrgqb9rae8ec5zb5C0Q

Дејан Јанков од Свети Николе, сопруг на исчезнатата Злата Јанкова, започна штрајк со глад пред полициската станица, барајќи конкретни чекори и одговори за нејзината судбина. Тој предупредува дека случајот се заборава и бара, ако треба, да се побара помош и од странство. Злата (45) исчезнала на 16 јуни 2024, последен пат видена во с. Орел додека со сопругот работеле на имот. По ручекот тргнала кон Свети Николе, но оттогаш ѝ се губи трагата; не влегла во такси, телефонот ѕвонел без одговор, а потрагата сè уште е без резултати.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Дејан Јанков од Свети Николе, сопруг на Злата Јанкова – жената која исчезна на 16 јуни 2024 година – утрово започна штрајк со глад пред полициската станица во Свети Николе. Тој вели дека ќе остане таму и ќе гладува сè додека институциите не преземат конкретни чекори и не добие одговори за судбината на неговата сопруга.

— реклама —

„Не знам повеќе како да го свртам вниманието кон нашиот случај. Времето минува, а настанот паѓа во заборав. Што ѝ се случило на жена ми, жива ли е, кој стои зад нејзиното исчезнување? Ова не е игра, ова не е небитен случај за да биде оставен без решение“, вели Дејан.

Тој додава дека ако домашните институции не можат да ги пронајдат исчезнатите лица, треба да побараат помош и од странство.

„Ако нашите служби не можат да пронаоѓаат исчезнати лица, нека бараат помош од страна. Не е само Злата исчезната во Македонија, на стотици луѓе не им се знае судбината“, вели тој.

Злата Јанкова, 45-годишна жена од Свети Николе, исчезна на 16 јуни минатата година. Последен пат била видена во селото Орел, на неколку километри од Свети Николе, каде што со сопругот работеле на нивниот земјоделски имот.

— реклама —

Тој ден, во недела, Злата и Дејан биле на нивниот имот извршувајќи земјоделски работи. Злата подготвила јадење, а потоа решила да се врати во семејната куќа во Свети Николе. Облекла тренерки и излегла од викенд-куќата, додека Дејан работел во повисокиот дел од имотот.

Од тој момент ѝ се губи секоја трага.

Злата му кажала на сопругот дека ќе се врати во градот со такси, но никогаш не влегла во такво возило. Нејзиниот мобилен телефон ѕвонел со часови, но никој не се јавувал. По извесно време, Дејан го пријавил исчезнувањето во полиција.

Оттогаш, потрагата трае, но без конкретни резултати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2268lp4g6q1e2F6ZTfq

Повеќе од една година без трага: Каде исчезна Злата Јанкова?

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања