Повеќе од една година без трага: Каде исчезна Злата Јанкова?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library2268lp4g6q1e2F6ZTfq

Потрагата по Злата Јанкова од селото Орел, општина Свети Николе, сè уште трае. Жената последен пат е видена на 16 јуни 2024 година, околу 15 часот, по што ѝ се губи секаква трага. На социјалните мрежи постојано кружи апел со повик до граѓаните, доколку имаат какви било информации, да се јават во Министерство за внатрешни работи или на телефонските броеви наведени во објавата.

— реклама —

„Исчезнато е лицето Злата Јанкова последен пат е видена на 16.06.2024 во 15 часот во село Орел-Св.Николе За било какви информации пријавете во МВР или на 078828477 и 071686952“, стои во апелот на социјалните мрежи.

— реклама —

Иако помина повеќе од една година од нејзиното исчезнување, семејството не се откажува од надежта дека Злата е жива. Судбината на мајка, сопруга и домаќинка повеќе од дванаесет месеци останува непозната, а одговорите што ги очекуваат – недостижни.

— реклама —

Сопругот Дејан Јанковски јавно сведочеше и дека во семејството немало никакви проблеми што би укажале на можност Злата самата да си наштети или да замине. Напротив, таа била целосно посветена на семејството и на воспитувањето на нивните двајца синови. По нејзиното исчезнување, домот, како што вели тој, е исполнет со тишина и страв, а чувството на празнина станало секојдневие.

Дејан за „Женски магазин“ раскажуваше дека денот кога Злата последен пат била видена бил сосема обичен. По попладневниот одмор тој заминал да работи во пластениците, додека таа тргнала кон домот за да ги заврши секојдневните обврски. По нејзиното заминување од куќата, била забележана од сосетка, што претставува последниот потврден момент во кој Злата е видена жива.

И покрај сите наведени активности, потрагата по Злата Јанкова сè уште не дала резултат. Повеќе од една година подоцна, нејзината судбина останува мистерија, а семејството живее без одговори и без чувство дека државата стои цврсто зад нив.

media-libraryl6cedlcde6p78dw3dHu

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања