Исчезнатa инфлуенсеркa пронајденa задавена во Словенија: Делови од телото биле во куфер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryne8gi138amnsd7VSbZo

Полицијата го пронајде телото на исчезнатата31-годишна австриска државјанка. Потрагата по исчезнатата инфлуенсерка Стефани Пипар (32) од Грац е со трагичен епилог. Нејзиното поранешно момче (31) призна дека ја убил и ја одведе полицијата до телото што го закопал во шумска област во Словенија, во околината на Марибор. Според признанието, тој ја задавил, го ставил нејзиното тело во куфер, а потоа ја закопал во шума во Словенија

— реклама —

Во последните денови, по неа се трагало во Австрија и Словенија.

— реклама —

Главен осомничен во случајот со исчезнувањето на австриската државјанка е нејзиниот поранешен партнер, 31-годишен словенечки државјанин со постојан престој во Австрија. Тој бил уапсен на почетокот на минатата недела, а предаден на австриските судски органи на крајот од неделата, објави РТВ Словенија.

— реклама —

Според австрискиот весник Кронен Цајтунг, осомничениот и дал на австриската полиција информации што ги довеле до телото во шумата по неколкучасовно испрашување. Според весникот, осомничениот наводно ја задавил својата поранешна партнерка, го ставил телото во куфер и го закопал во шума кај Мајшперк.

Окружниот суд во Марибор ја одобрил екстрадицијата на 31-годишниот осомничен од Словенија до судските власти во Австрија, каде што во меѓувреме се притворени неговиот брат и очув.

Дури по неколку часа испрашување, тој се расплакал и го признал убиството, според извештаите на австриските медиуми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryk3lljoknq4nocGDv44W

Голоб: Словенија сè уште нема да се приклучи на Одборот за мир

Свет | пред 2 седмици

media-librarypi9a7b31a8j21ZVFnxl

(Видео) Голема несреќа во Словенија, горат автомобили, затворен автопатот

Свет | пред 3 седмици

vozacka-1

Словенија им ги отвора вратите на македонските возачи: Ги признава дозволите без повторно полагање

Македонија | пред 2 месеци

media-library1t95hoepdvfjdvFq41u

Словенците против законот за асистирано самоубиство

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања