Пронајдена 15-годишната Кристина од Охрид која беше пријавена за исчезната
Полицијата ја пронајде 15-годишната К.Ј. од Охрид, која вчера се оддалечила од својот дом и за која беше пријавено исчезнување.Од МВР информираат дека малолетничката била пронајдена денеска (13 август) во 12:20 часот на крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“ во Охрид, по преземени мерки и активности.Во содејство со Центарот за социјални работи, девојката била предадена на нејзините родители.
Македонија | пред 2 седмици