„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Врие од полиција, се пребарува бунар, се летаат дронови, мислам ја бараат Злата, вели сопругот Дејан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 дена -

Македонија
media-library4gd92spci1lbaDsJgdH

Засилено полициско присуство и употреба на дронови денеска се забележани во село Орел, општина Свети Николе, каде се врши пребарување на бунар во близина на викенд-куќи, во рамки на потрагата по исчезнатата Злата Јанкова, пишува „Викимедиа“.

Сопругот на исчезнатата, Дејан Јанков, за порталот вели дека акцијата се одвива во непосредна близина на нивната викендица, но дека нема официјални информации од надлежните.

— реклама —

„Врие од полиција, се пребарува бунарот, летаат дронови, но никој ништо не ми кажува. Мислам дека ја бараат Злата“, изјави Јанков.

— реклама —

Тој посочува дека истиот терен бил пребаруван и претходно, но без резултати.

— реклама —

Злата Јанкова исчезна на 16 јуни 2024 година околу 15 часот, по што ѝ се губи секаква трага. И покрај поминатото време, потрагата сè уште трае, а случајот останува без разрешница.

Јанков претходно штрајкуваше со глад 19 дена со цел да го привлече вниманието на јавноста кон случајот, а најавува и нов штрајк доколку не добие одговори за судбината на неговата сопруга.

На социјалните мрежи и понатаму се споделуваат апели до граѓаните да пријават било какви информации во Министерството за внатрешни работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања