Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сосетка на убиецот од Дрниш: „Секоја вечер трчаше километри, го знае секој дел од овој крај“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
Hrvatska-policija

Дрниш е завиен во тага и неверување по убиството на средношколец кој работел како доставувач на храна за да заработи џепарлак.

19-годишното момче беше убиено во саботата навечер додека доставувало пица на 50-годишниот Кристијан Алексиќ.

— реклама —

Според сведоштва на соседи, младиот доставувач и неговиот пријател пристигнале пред куќата на Алексиќ, кој, наместо да ги пречека надвор, ги повикал да се качат на катот.

Таму, на терасата од семејната куќа, тој наводно го застрелал момчето.

Сосетка која живее во близина изјавила дека во моментот на убиството слушнала истрели, но помислила дека станува збор за петарди или огномет.

— реклама —

Жителите на Дрниш велат дека со години живееле во страв од Алексиќ, за кого тврдат дека имал психички проблеми и чудно однесување уште од детството.

Тие посочуваат дека во 2023 година кај него бил пронајден пиштол од домашна изработка, а според гласини, имал и список на луѓе што сакал да ги убие.

— реклама —

Мештаните се револтирани што, и покрај претходните пријави и проблематичното однесување, Алексиќ не бил сместен во установа.

Според нив, тој бил во одлична физичка форма, добро го познавал теренот околу Дрниш и можел лесно да се крие.

Трагедијата силно ја потресе локалната заедница.

— реклама —

„Убиен е нашиот град“, изјавила инструкторка по возење која го познавала момчето, додавајќи дека никој не треба повторно да доживее ваква трагедија.

Полицијата и понатаму трага по Алексиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeimfhsi09t6kePr6fOG

Хрватски психијатар за смртта на Периш: Во 21 век сè повеќе ни недостига здрав разум

Балкан | пред 27 минути

— реклама —
media-library0dab39acoj3a7tjJLSn

(Видео) Бура и снег создадоа хаос во Хрватска: А1 затворен, на А6 возила заглавени во снег

Балкан | пред 1 час

evra

Просечната нето-плата во Загреб пораснала за 8,1 отсто за една година

Балкан | пред 2 часа

Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања