Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Зошто молчи мрзливиот Шилегов за вработувањето на 175 партиски војници во ЈСП?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Sednica-na-Sovet-2

На мрзливиот Шилегов малку му беа 135-те нови вработувања во администрацијата на Градот Скопје, пред само 4 месеци, меѓу кои негов личен шофер и советник за улично осветлување, па сега реши да го пренатрупа и Јавното сообраќајно претпријатие со партиска администрација, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

— реклама —

Во година кога ЈСП Скопје трпи најголеми загуби заради КОВИД пандемијата, мрзливиот Шилегов и директорот на ЈСП Скопје решија да вработат 175 луѓе повеќе од предвиденото, се со цел да се задоволат партиските и приватните цели.

— реклама —

Тотално нерационално и неразумно, бидејќи ова јавно претпријатие кое е под Градот е во загуба и е пред банкрот, а се финансира преку субвенции од Град Скопје.

Парите на сите скопјани кој уредно си ги праќаат давачките спрема Град Скопје, неработникот Шилегов наместо за проекти ги троши за партиски вработувања

ЈСП Скопје наместо приоритет да му бидат вработување на дефицитарниот кадар, а тоа е возачи на градските автобуси, Петре Шилегов преку ЈСП Скопје си ги вдомува своите партиски кадри во администрација на претпријатието.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржа оваа точка на седницата на Град Скопје, со која се предвидува да се вработат 175 административци во ЈСП Скопје, затоа што според планот за работа, оваа година ќе заминат околу 40 вработени во пензија.

Мрзливиот Шилегов му останаа само уште неколку месеци и за тоа брза да ги исполни своите партиски обврски и квоти. Ваквото неодговорно однесување од Шилегов, скопјани многу брзо ќе го казнат.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања