Промени тема
Контакт

Советот во Гевгелија не избра претседател

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
gevgelija

Советот во Гевгелија не избра претседател, предвремените промоции со злоупотреба на општинската администрација од страна на новиот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Гевгелија не вродија со плод.

„На вчерашната конститутивна седница на Советот на општина Гевгелија беше верификуван мандатот на 19-те новоизбрани советници, но не се избра нов претседател на Советот, како што стоеше во дневниот ред на седницата. Партијата ВМРО-ДПМНЕ иако протежираше свој миленик на оваа функција, иако новоизбраниот градоначалник на општина Гевгелија во отсуство го промовираше како потписник на документи за следната работна седница, вчера на конститутивната седница не успеа да ја оствари својата замисла. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ иако мнозинство во гевгелискиот Совет, немаат квалитативно мнозинство за избор на претседател на Совет на општина Гевгелија.

— реклама —

Со тоа, во игра остануваат тајните аспирации на новоизбраниот градоначалник на општина Гевгелија од ВМРО-ДПМНЕ, уште не седнат на функцијата, телефонски да диригира која е пазарната цена за да се обезбеди мнозинство на локалната власт во Гевгелија.

За гевгеличани и за јавноста останува грдата слика на нарачаната злоупотреба на општинските служби за предвременото устоличување на советник од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Совет, со обележаното црвено столче во салата на Народниот Театар во Гевгелија, каде се одржа вчерашната конститутивна седница, како спомен за изборното фијаско на ДПМНЕ.

— реклама —

СДСМ Гевгелија дојде до извори кои зборуваат за индиции дека ова е намерно направено кон д-р Патрик Матх кои имаше аспирации да биде кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за Гевгелија, па ново избраниот титулар сака да му покаже на кои треба да биде потчинет, со цел дискредитација на неговото име. Општинската организација на СДСМ Гевгелија преку својата советничка група ќе влијае во работата на Советот и нема да дозволи такви злоупотреби на општинската администрација во служба на нелегална партиска промоција, и ќе им застане на патот на сомнителните партиски пазарења за дотолчување на демократијата по рецептот на

— реклама —

ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања