„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Советот за жалби при Врховниот суд ја одби како неоснована жалбата на Лидија Неделкова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
lidija-nedelkova

Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Македонија ја одби како неоснована жалбата на Лидија Неделкова и го потврди решението од 1 март годинава за нејзино разрешување од вршење на судиска функција.

— реклама —

Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Македонија на денешната седница расправаше по повод жалбата на Лидија Неделкова, судија на Врховниот суд на Република Македонија, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Македонија бр.10-10/20 од 01.03.2021 година, за нејзино разрешување од вршење на судиска функција. На истата седница, Советот за одлучување по жалби донесе одлука со која што жалбата на жалителот ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република Македонија бр.10-10/20 од 01.03.2021 година, се вели во соопштението објавено на веб страната на Врховниот суд.

— реклама —

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, по завршувањето на седницата на која едногласно беше донесена одлуката, одговарајќи на новинарско прашање зошто е разрешена судијката Лидија Неделкова, рече дека причините се „ненавремено, немарно и несовесно извршување на нејзините работни обврски и повреда на Судскиот деловник, односно Кодексот за судиска етика“.

— реклама —

Барањето за разрешување на врховната судијка Лидија Неделкова беше поднесено од поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски за поведување постапка за утврдување одговорност на Неделкова како судија.

фото: Нова Македонија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања