„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Современа опрема за хируршки интервенции и нови апарати за анестезија на клиниката за уво, нос и грло

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
uvo-nos-i-grlo-2

По 15 години, Универзитетската клиника за уво, нос и грло, во Скопје, набави современа опрема за хируршки интервенции, како и нови апарати за анестезија.

— реклама —

Министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека со набавката на оваа нова софистицирана опрема, и обуките кои клиниката ги изведува секојдневно, Република Македонија ќе се вброи во редот на врвните регионални центри од областа на оториноларингологијата.

Станува збор за најнова генерација столб за ендоскопска хирургија на нос и параназални синуси, што претставува светски стандард за минимално инвазивна хирургија. Набавен е и ултразвучен нож, со што на пациентите ќе им биде достапна и ултразвучна операција на крајници, а секако е вредно да се спомене и воведувањето нова оперативна техника, ултразвучна увулопалатопластика, за решавање на проблемот со рчење, познат како опструктивна слип апнеа.

— реклама —

Исто така е набавен и флексибилен фибероптички ендоскоп, кој овозможува дијагностички оториноларинголошки преглед на носот и грлото, како и фибероптичка интубација кај пациенти кај кои е невозможен друг начин на интубација, процедура која се врши само на Клиниката за уво, нос и грло.

- Оваа опрема е наменета за прецизна дијагностика и софистицирана хирургија, која ја олеснува работата на лекарите-оториноларинголози и го подобрува здравјето на пациентите, потенцираше министерот Филипче.

Вториот дел од новата опрема се состои од два нови, најсовремени анестезиолошки апарата, надополнети со хемодинамски монитори, модул за следење на длабочината на анестезијата, како и три видеоларингоскопи со монитор за ендотрахеална интубација.

Со видеоларингоскопите почнува новата ера на ендотрахеална интубација, за која се планира да се спроведе и адекватна обука за сите специјалисти и специјализанти по анестезиологија, оториноларингологија и сродните гранки.

- Со помош на видео записите на процедурите, кои ќе ги изведуваме со новонабавените апарати, може да се следи целата постапка на прегледот и интервенцијата, со истовремена едукација на специјализантите и специјалистите, што претставува една од главните дејности на Универзитетската клиника по оториноларингологија , изјави директорот на Клиниката за уво, нос и грло, д-р Јане Нетковски.

Новата опрема е набавена од буџетот на Клиниката и чини околу 130 илјади евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања