Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шпанија воведува 35-часовна работна недела за државната администрација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
administracija

Шпанија од април ќе воведе пократка работна недела во централната државна администрација, со што работното време се намалува од 37,5 на 35 часа неделно, мерка која ќе опфати околу 246.000 вработени.

— реклама —

Одлуката е поддржана од трите главни синдикати на државните службеници – УГТ, ЦЦ ОО и ЦСИФ, кои оценуваат дека ова ќе придонесе за подобрување на условите за работа и намалување на разликите во јавниот сектор.

Министерот за јавна администрација, Оскар Лопез, најави дека примената на новата работна недела ќе биде дефинирана во рок од најмногу 15 дена.

— реклама —

Промената доаѓа во услови кога мнозинството вработени во автономните заедници и локалната власт веќе работат по режим од 35 часа неделно, што создаваше чувство на нерамноправност во однос на службениците во централната администрација.

— реклама —

Според синдикатите, новиот модел ќе помогне да се намали овој јаз и ќе придонесе за подобра работна хармонија, но и за подобар баланс меѓу приватниот и професионалниот живот, со повеќе слободно време за вработените.

Покрај тоа, со регулативата се воведува и функцијата „негувател“, која предвидува институционализирана поддршка за вработените што се грижат за член на семејството или лице кое живее во исто домаќинство и има сериозен здравствен проблем.

— реклама —

Новите правила овозможуваат работниот распоред да го земе предвид времето и енергијата што вработените ја вложуваат во грижата за блиските.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvcjhvpm1ppcnaO2r4ln

(Видео) Генералниот штрајк во Шпанија заврши со судири, пожари и ограбени продавници

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygsta2uk90qan3gvYwnl

(Видео) Шпанија парализирана: Четири милиони работници на генерален штрајк, судири со полицијата и десетици приведени

Свет | пред 1 ден

media-libraryaul2tl106a902NwdXGY

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во Шпанија, можеби било скриено повеќе од 20 години

Свет | пред 4 дена

media-libraryp5vijcf63f2b8Nf9qT8

Трагедија во Шпанија: Фудбалерот Хесус де Мигел почина по судир со противничкиот голман

Спорт | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања