ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Шпаркасе ја купува Охридска банка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ohridskabanka

Од Сосиете Женерал Груп информираат дека одговорните лица во компанијата потпишале договор за продавање на Охридска Банка Сосиете Женерал на Штаермаркише Банка и Шпаркасе АГ, објави ohridpress.com.mk.

— реклама —

– На 28-ми февруари 2019 година во Скопје, Сосиете Женерал, бул. Хаусман бр. 29, 75009 Париз, Франција (29 boulevard Haussmann, 75009 Paris) („СЖ“) (акционер на Охридска Банка кој во моментот поседува 384.844 обични акции со право на глас издадени од Охридска Банка) и Штаермаркише Банка и Шпаркасе АГ, Шпаркасенплац 4, 8010 Грац, Австрија („Штаер“), постигнале договор согласно кој, и под одредбите и условите предвидени во таквиот договор, СЖ ќе и ги продаде на Штаер акциите кои ги поседува во Охридска Банка. Предвидената продажба на акциите издадени од страна на Охридска Банка ќе биде извршена преку тендер во понуда за продажба составена во согласност и условена со одредбите и условите (вклучувајќи ги правилата кои се однесуваат на конкурентски понуди) на Законот за преземање на акционерските друштва (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 69/2013, 188/2013, 166/2014, 154/2015, 23/2016 и 248/2018). Денес, управниот одбор на Охридска Банка прими од Штаер намера за преземање на сите акции издадени од страна на Охридска Банка (“Намера за преземање”), информираат од банката.

Додаваат дека порамнувањето на трансакцијата е очекувано да се случи во наредните месеци, имајќи предвид дека истото е предмет на обезбедување одобрувања од страна на Народната банка на Република Северна Македонија, Комисијата за хартии од вредност и Комисијата за заштита на конкуренцијата, како и сите неопходни странски регулаторни и антимонополски одобрувања.

— реклама —

– Охридска Банка АД Скопје, Сосиете Женерал Груп, во изминатите неколку години бележи рекордни резултати во своето делување, позиционирајќи ја банката на петто место на најголема банка по висина на средства, кредити и депозити на македонскиот банкарски пазар, активна во делувањето и со сегментот население и корпоративни клиенти. Во наредните неколку месеци, Сосиете Женерал Груп и Штаер заедно ќе работат на добивање на потребните дозволи. Охридска Банка АД Скопје ќе продолжи да го услужува населението и корпоративните клиенти со истото ниво на квалитет и посветеност, спремајќи се за непречена транзиција за клиентите, обезбедувајќи притоа стабилност на нивниот однос со банката, информираат од банката.

Инаку Скопје 1 уште во месец ноември 2018 год пишуваше дека Се окрупнува банкарскиот сектор во земјава и дека Народна банка треба да даде позитивен одговор , поточно дозвола за овој чин.

Се обративме до Народна банка од каде не информираа дека има потреба од консолидација на домашниот банкарски систем, но досега ни една банка не побарала

„Согласно со Законот за банките, за добивање дозвола за статусни промени, банката е должна да поднесе барање до НБРМ. Документацијата, постапката и критериумите за добивање дозвола за статусни промени на банка се пропишани со Одлуката за издавање дозволи донесена од Советот на НБРМ, јавно достапна и на институцијалната веб – страница. Во случај на добивање барање за статусна промена, а врз основа на оценка за исполнуавње на критериумите се донесува решение за издавање дозвола или за одбивање на барањето. Рокот за донесување на решението е регулиран со Законот за банките (член 22), јавно достапен на веб – страницата на НБРМ.

НБРМ, во повеќе наврати го има изнесено својот позитивен став за потребата од поголема консолидација на домашниот банкарски систем, преку окрупнување по пат на спојување или присоединување на банките во системот согласно со регулативата. Цениме дека доколку се случи процес на консолидација, тој особено би бил значаен за помалите банки, кои поради економијата на обем, на подолг рок би се соочувале со предизвик за остварување на доволно високи и стабилни приходи кои би им обезбедиле континуиран позитивен финансиски резултат и долгорочна перспектива за функционирање. Меѓу другото, окрупнување на банкарскиот систем би значело и ефективно натамошно зголемување на конкуренцијата, што би требало да доведе до проширување на лепезата на производи кои ги нудат банките, а под конкуретни услови, ни рекоа од НБРМ во дописот кој ни го испратија на 28 ноември 2018 год.

Инаку информација дека се продава Охридска банка ги растревожи вработените во банкарскиот сектор во земјава. Тие стравуваат дека сега ќе има отпуштања од работа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања