Спасовски: Груевски кога-тогаш ќе го вратиме во Република Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
spasovski-gi-prezemame-site-merki-za-fer-mirna-i-demokratska-izborna-atmosfera

Се преземаат сите неопходни мерки од аспект на безбедноста и нема индиции за какви било нарушувања на безбедносната состојба во овој период, ниту пак на некакви политички конфронтации коишто можат да  придонесат за нарушување на безбедносната состојба, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вечерашната емисија „Анализа“ на ТВ 24

— реклама —

-Очекувам дека нема да имаме сериозни  предизвици и на тој начин ќе покажаме малку еден повисок степен на политичка култура меѓу политичките субјекти. Ги повикувам сите политички субјекти кои учествуваат  во изборната кампања, меѓутоа и граѓаните, заеднички да придонесеме за фер и демократски изборен процес кој ќе ни биде плус во нашите европски интеграции, рече Спасовски.

Спасовски вели за бегството на Груевски се преземени многу активности, а деталите дека ќе ги соопшти јавното обвинителство.

— реклама —

- Никола Груевски кога-тогаш ќе го вратиме во Република Северна Македонија и ќе мора да одговара за сите злодела и криминали кои ги направил. Гледате дека сега има истрага во делот од 27 април, и очекувам дека сите прашања ќе ги засегнат не само граѓаните на нашата држава, туку и европските граѓани, бидејќи правилото на борба против корупцијата и криминал е правило број 1 во европските интеграции. Секој еден, на крај или на почеток ако сакате, ќе има одговорност, па и Никола Груевски, посочи Спасовски.

Во врска со тоа дали може како алиби на Груевски да му послужи тврдењето дека имало планови за негова ликвидација во затворот, а потоа се случил инцидентот со Јанакиески и Ристовски, министерот вели дека апсолутно не е така.

- Тоа апсолутно не е така, ниту за инциденти во тој период, ниту дека имало закани за негова ликвидација. За состојбата во затворите повеќе може да каже министерството за правда, но не е аргумент на кој може да се повикува Груевски, посочи Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања