Македонија е секуларна држава, не прифаќаме комуникација со уцени му одговори Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на реизот на Исламската верска заедница Реисул Сулејман Реџепи, кој даде ултиматум на владата – во рок од 10 дена да ги реши постапките за денационализација на нивниот имот, или пред почетокот на кампањата ќе ги информира муслиманските верници во 700тини џамии дека се води бавна, селективна и дискриминирачка денационализација за имотот на ИВЗ.
Од владата уште потенцираат дека извршната власт не би се мешала во односите внатре во верските заедници .