Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Спасовски: Македонија не смее да прифати мигранти што нема каде да ги врати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
f11f401d-4958-43a5-b018-f261c802fa7a

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, изјави дека Македонија не смее да стане држава која ќе спроведува азилски постапки за друга земја, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема да може да ги врати во нивните матични држави. Во гостување во емисијата „Трилинг“ на 24 Телевизија, тој предупреди дека разговорите за евентуално сместување мигранти во земјава носат сериозни, пред сè безбедносни ризици.

— реклама —

Според Спасовски, Македонија нема склучено реадмисиони договори со земјите на потекло на мигрантите, што значи дека дел од нив би останале трајно на територијата на државата без правна можност за враќање. Како пример за потенцијалните безбедносни предизвици, тој посочи дека неодамна група мигранти од Египет го демолирале транзитниот центар во Табановце, што, како што рече, покажува колку чувствителни и сложени се овие процеси.

— реклама —
— реклама —

Осврнувајќи се на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека додека е на функција нема да има бегалски кампови, Спасовски оцени дека и без класични кампови може да се создадат бегалски населби со мигранти, што повторно го отвора прашањето за безбедноста и контролата.

Тој потсети дека прифатните центри „Винојуг“ во Гевгелија и Табановце функционираат од 2015 година и дека тогаш бил изменет Законот за странци со воведување рок од 72 часа за транзит на мигрантите. Во тој контекст, Спасовски ги демантираше тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека во 2018 година биле договарани нови прифатни центри за мигранти во Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 19 часа

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 21 час

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања