По барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, да си поднесе оставка, денеска се пред новинарите својот став го кажа и министерот.
Спсовски му порача дека тој како лидер на опозицијата треба да размисли за неговиот кредибилитет и да молчи.
– Јас од него очекував многу други одговори, кои треба да ги даде како лидер на опозицијата, во однос на важни прашања за македонската држава, а тоа од него не слушнавме. Воедно не слушнавме и да одговори за хидроцентралите, како и на кој основ ги има стекнато, ама веројатно ќе се даде одговор и на тоа прашање. Ако смета дека тоа во политиката му е потребно да повикува на давање на оставки малку треба да размисли за неговиот кредибилитет. Тој беше генерален секретар на криминалецот потврден Груевски во време кога ја водеа Македонија во бездна. Најмалку што може е да молчи, истакна министрот при денешната посета на СВР Велес.
На новинарско прашање за естрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски, министерот Спасовски потенцира дека естрадицијата е во рамки на Министерството за правда и оттаму треба да се побара одговор на ова прашање.