Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Спасовски на Mинистерска конференција за превенција и истрага на сексуална злоупотреба на деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
05-4

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска учествуваше и се обрати преку видео – конференциска врска на онлајн Министерската конференција на тема „Превенција и истрага на сексуална злоупотреба на деца“ заедно со министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ, земјите од Шенген зоната, партнерите земји од Западен Балкан, претставници на институциите и агенциите на ЕУ и САД, на покана на министерот за внатрешни работи на Република Словенија,Алеш Хојс под покровителство на Словенечкото претседателство.

— реклама —

Сексуалната злоупотреба на деца и онлајн и офлајн е една од најсериозните злосторства, што има широки и сериозни доживотни последици за жртвите и може да предизвика значителна и долгорочна социјална штета на децата.

— реклама —

Министерот Спасовски во своето обраќање потенцираше дека сме сведоци на широката распространетост и лесниот пристап до интернет, како и масовното користење на социјалните медиуми, платформи и апликации за онлајн комуникација од страна на младата популација што од рана возраст, енормно го зголемува ризикот од сексуалната злоупотреба на децата и ширењето на пазарот со детска порнографија.

„ Во тој контекст, основата на сите наши политики за справување со овој вид на криминал е подигнување на свеста за ризиците од сексуална злоупотреба на деца, за потенцијалните стапици на новите технологии, интернетот и социјалните медиуми што ги користат сторителите, како и континуираната едукација на децата како да ги заштитат своите податоци. Во нашата држава, на национално ниво, превентивните активности се синхронизирани и се дел од Националната стратегија за превенција и заштита на децата од насилство, но и од Националната стратегија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, во чии рамки е изготвен и посебен акциски план посветен на заштита на децата. Во рамки на овие стратешки документи предвидовме обуки на учениците од основно и средно образование за трговијата со деца и нејзините појавни облици, со посебен акцент на ризикот од злоупоребата на Интернетот за цели на трговија со луѓе и различни видови на експлоатација: трудова, сексуална, детска порнографија.“, рече министерот Спасовски.

— реклама —

Спасовски истакна дека и покрај низата превентивни активности кои се преземаат на национално ниво, сепак, со оглед на меѓународната димензија на ова кривично дело, неопходно е и развивање на заеднички пристапи кои можат да се остварат преку засилена меѓународна соработка, како и размена на искуства и добри практики меѓу експертите.

— реклама —

Во заедничката изјава на учесниците на конференцијата, министрите ја нагласија важноста на меѓународната соработка за да се осигура дека криминалците не можат да ги злоупотребуваат разликите во законите и политиките меѓу јурисдикциите, како и да се избегне создавање не само на јурисдикциски јаз, туку и на директна дупка во правдата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања