Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Спасовски на терен заедно со полицијата во Неготино: Подобрените услови за работа ја подобрија и сообраќајната безбедност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
DSC_4166

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и шефот на кабинет Митко Бојмацалиев, во рамки на работната посета на Тиквешкиот регион, ги посети и полициските службеници од СВР Велес, кои преземаа службени активности по сообраќај на излез од Неготино. Министерот Спасовски беше брифиран од страна на полициските службеници од сообраќајната полиција за фактичката состојба на терен како дел од серијата средби на раководството на МВР со полицијата на терен.

— реклама —
— реклама —

Ова раководство на Министерството за внатрешни работи од 2017 година наваму инвестираше во материјално-техничко опремување на сите единици на МВР, вклучително и на единиците за сообраќајна полиција, а во насока на подобрување на безбедносната состојба во сообраќајот, намалување на бројот на случени сообраќајни незгоди со потешки последици, постигнување на повисок степен на поволна безбедносна состојба во сообраќајот на патиштата и воспоставување на поголема дисциплина кај учесниците во патниот сообраќај

— реклама —
— реклама —

Преку низа набавки на возила и опрема намeнети за сообраќајната полиција, остваривме сериозен напредок во работењето. Изминативе години целосно ги унапредивме капацитетите на сообраќајната полиција. Колку за илустрација, во 2017 година беа затекнати само 8 етилометри. Па, така, пристапивме кон набавка на нови, при што денес имаме 144 етилометри (познати уште и како дрегери) за санкционирање на возачите што управуваат возила под дејство на алкохол. Меѓудругото, денеска МВР располага со вкупно 127 радари, а набавивме и посебни 55 модерни, технички високо-софистицирани радарски уреди за ноќно снимање на движење на возилата. Воедно, минатата година беше заокружен проектот за снимање со мобилни камери наменети за единиците за сообраќај и Одделот за гранични работи, со вкупно 593 камери на сите Сектори за внатрешни работи како бариера против корупцијата, со што ги исклучивме човечките субјективности на кои бевме научени години наназад.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfkf0gfrjuosbahCdY5l

Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykniripgh1s9f9hlOtNG

„ВМРО да не бега од законот што самите го најавуваа за ограничување на двојните државјанства за министрите“, вели Спасовски

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryq3dumuaedl9q64juy5i

Спасовски до Трипуновски: Дали 1.500 вработени во земјоделството ги оставивте без здравствено осигурување?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykniripgh1s9f9hlOtNG

Спасовски: Укинувањето на техничката влада не е реформа, туку чекор назад

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања