Промени тема
Контакт

Спасовски поздравен со транспаренти: „Три дена криевте убиство на дете“, Ви украдоа оружје од полициска станица среде бел ден“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
Screenshot-2022-05-07-at-14.01.09

Три транспаренти на три различни локации утрово беа поставени во Делчево, кој е еден од градовите каде се одбележува Денот на полицијата. Фотографии од нив се објавени на социјалните мрежи. На транспарентите има две пораки.

„Три дена криевте убиство на дете“, пишува на едниот транспарент, а додека на другиот стои: „Ви украдоа оружје од полициска станица среде бел ден“.

— реклама —

Порака од првиот транспарент најверојатно е поради убиството на ракометарот Денис Тот пред ноќен клуб во Скопје. Вториот пак, најверојатно се однесува на грабежот на полицски магацин во Охрид.

— реклама —

Според фотографиите, транспарентите биле прикачени на мост и објект.

„Еве како народот го пречека Спасовски во Делчево!“, стои во објавата на социјалните мрежи.

— реклама —

Чествувањето на 7 Мај, започна со положување на цвеќе на спомен обележјата на загинатите припадници на полицијата, додека централната манифестација за одбележување на Денот на полицијата годинава ќе се одвива на Градскиот плоштад во Делчево, со почеток од 12.30 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

Возеле без возачка дозвола: 10 лица уапсени низ државата

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Полицијата приведе осум лица на различни локации, пронајдени дрога и дробилка

Македонија | пред 21 час

media-libraryu95mndbpf2uacNbhhC4

По недоразбирање во сообраќајот следела физичка пресметка, употребен и остар предмет

Македонија | пред 21 час

media-library23fu0np8uen98YnSHvU

Скопјанец издавал хотелски соби во Велес, а приходите не ги пријавувал

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања