Промени тема
Контакт

Спасовски упати апел за мирен протест

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
FB_IMG_1657783452893

И денеска како и сите изминати денови откако почнаа ненајавените протести, упатувам апел за практикување на мирен протест како дел од дијалогот, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

— реклама —

„Дијалогот продолжува на 80. седница на Собранието на којашто треба да се обрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а на која ќе се расправа за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година.

— реклама —

Иако ниту вечерашниот, ниту протестите во изминативе неколку дена не беа уредно пријавени, наспроти неодговорноста на организаторите, повикувам на свесност и одговорност во постапките.

— реклама —

Никогаш поважни и порешавачки не биле европските вредности и социо-културни манири од сега - моментум кога демократските процеси мора да течат непречено.

Почитувани граѓани, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, сите граѓани на Република Северна Македонија, Ве уверувам, македонската полиција останува на нивото на својата задача во заштитата на уставно загарантираното право на протест на граѓаните и, секако, на безбедноста на институциите и граѓаните“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykniripgh1s9f9hlOtNG

Спасовски бара отчет за 5,53 милиони евра за прославата на 35 години независност

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryfkf0gfrjuosbahCdY5l

Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykniripgh1s9f9hlOtNG

„ВМРО да не бега од законот што самите го најавуваа за ограничување на двојните државјанства за министрите“, вели Спасовски

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryq3dumuaedl9q64juy5i

Спасовски до Трипуновски: Дали 1.500 вработени во земјоделството ги оставивте без здравствено осигурување?

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања