Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Спасувачи спасија двегодишно девојче од давење во Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
IMG_5734

Двајца млади спасувачи успеале да спасат двегодишно и пол девојче кое вчера околу пладне било извлечено во несвест од морето на плажата Полихроно на Халкидики.

Како што објави грчкиот портал „Прототема“, спасувачите Атина Хоромиду и Танос Економу веднаш започнале со кардиопулмонална реанимација (КПР), откако добиле дојава дека детето е во животна опасност.

— реклама —

„Колегата доби повик дека детето е во неволја и веднаш истрча. Јас ја земав опремата и боцата со кислород, дотрчав до местото и во исто време повикав итна медицинска помош“, раскажа Хоромиду.

Таа објасни дека трипати извршиле КПР врз девојчето.

— реклама —

„Додека се подготвувавме да го употребиме дефибрилаторот, девојчето почна да повраќа и да плаче. Во тој момент знаевме дека е жива и дека успеавме“, изјави спасувачката.

Во интервенцијата помогнале и двајца волонтери од организацијата „Кидс спасува животи“, додека родителите на девојчето биле на местото на настанот.

— реклама —

Хоромиду рече дека детето било донесено на плажата без знаци на свест.

„Беше студена, посинета, а очите ѝ беа отечени. Во такви ситуации реагираме автоматски, благодарение на обуката. Дури подоцна сфаќате низ што сте поминале“, рече таа.

— реклама —

Според неа, најемотивниот момент бил кога девојчето се освестило, а посетителите на плажата ги поздравиле спасувачите со аплауз.

По укажаната прва помош, детето било пренесено во Здравствениот центар во Касандрија, а потоа и во болницата „Хипократ“ во Солун, каде што е хоспитализирано и се наоѓа во добра здравствена состојба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 7 часа

— реклама —
uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 1 ден

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 3 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања