Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Шпиони, дронови и Делта форс: како САД го уапсија Мадуро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-librarym4pgufe8t77q3zsD8c9

Американските разузнавачки служби со месеци го следеле секој чекор на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, бележејќи каде спие, што јаде, како се движи и со кого се среќава. Мал тим шпиони, со помош на извори од самиот врв на венецуелската власт, собирал и најситни детали за неговото секојдневие, вклучително и информации за неговите домашни миленици, објави BBC, повикувајќи се на високи американски воени претставници.

На почетокот на декември била финализирана мисијата со кодно име „Операција апсолутна одлучност“, резултат на повеќемесечно прецизно и тајно планирање. Американските елитни специјални единици изработиле и реплика во природна големина на сигурната куќа на Мадуро во Каракас, во која детално го вежбале упадот. Планот, кој се смета за најзначајна американска воена интервенција во Латинска Америка уште од времето на Студената војна, бил чуван во строга тајност, без претходно известување на Конгресот.

Целта била максимално да се искористи елементот на изненадување. Акцијата, според изворите, речиси започнала четири дена порано, по одобрение од претседателот Доналд Трамп, но била одложена поради лоши временски услови и густа облачност. Војската со недели била во состојба на целосна подготвеност, чекајќи ги сите неопходни услови и конечната наредба од Белата куќа, изјави началникот на Здружениот генералштаб, генералот Ден Кејн.

Зеленото светло стигнало во петок во 22:46 часот по источновреме. Трамп подоцна изјави дека идеалниот момент одеднаш се отворил и дека наредбата била јасна: да се тргне во акција. Заповедта пристигнала во Каракас нешто пред полноќ, обезбедувајќи ѝ на војската неколку клучни часови темнина за изведување на операцијата.

Следела координирана акција која траела два часа и дваесет минути, од воздух, копно и море, и која со својата прецизност и размери го шокираше светот. Реакциите не изостанаа, а меѓу првите кои остро ја осудија интервенцијата беше бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој оцени дека насилното апсење на венецуелскиот лидер претставува опасен преседан за меѓународната заедница.

— реклама —

Трамп не ја следел операцијата од Ситуациската соба во Белата куќа, туку од својот клуб Мар-а-Лаго на Флорида, опкружен со најблиските советници, меѓу кои и директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, и државниот секретар Марко Рубио. „Го гледав буквално како телевизиско шоу“, изјави Трамп, опишувајќи ја брзината и силата на акцијата.

Операцијата уследи по повеќемесечно засилување на американското воено присуство во регионот, со распоредување илјадници војници, носач на авиони и десетици воени бродови. Во текот на ноќта биле ангажирани повеќе од 150 летала, вклучувајќи бомбардери, ловци и извидувачки авиони, а првите знаци на операцијата се појавиле на небото над Каракас.

Околу два часот по локално време, силни експлозии одекнале низ градот, по што густ чад го прекрил центарот. Сведоци за BBC изјавија дека авионите и хеликоптерите со часови го надлетувале градот, додека жителите, разбудени од детонациите, во паника се обидувале да разберат што се случува.

— реклама —

Според анализата на BBC, нападнати биле најмалку пет клучни цели, меѓу кои воената база Генералисимо Франциско де Миранда, аеродромот Ла Карлота, пристаништето Ла Гваира и Фуерте Тиуна, најголемиот воен комплекс во Венецуела. Дел од ударите биле насочени кон системите за противвоздушна одбрана, а Трамп изјави дека пред почетокот на операцијата била прекината и електричната енергија во Каракас.

Додека траеле воздушните напади, американските сили, меѓу кои и припадници на елитната единица Делта форс, навлегле на копно. При упадот бил погоден еден американски хеликоптер, но останал во лет. Генералот Кејн изјави дека силите за апсење дејствувале со исклучителна брзина и дисциплина, пробивајќи се низ комплексот во кој се наоѓал Мадуро.

— реклама —

Според Трамп, венецуелскиот лидер се обидел да побегне во сигурна просторија, но не успеал да ги затвори вратите. Тој потврди дека имало погодени лица, но дека ниту еден американски војник не загинал. Од венецуелска страна, министерот за одбрана Владимир Падрино соопшти дека во акцијата бил убиен голем дел од обезбедувањето на Мадуро, како и војници и цивили.

Во раните утрински часови, хеликоптери со Мадуро и неговата сопруга Цилија Флорес ја напуштиле Венецуела. Тие биле предадени на американското Министерство за правда и пренесени во Њујорк, каде што ги очекуваат кривични обвиненија, за кои САД претходно понудија награда од 50 милиони долари.

Неколку часа подоцна, Трамп јавно ја објави веста: „Мадуро и неговата сопруга наскоро ќе се соочат со целосната сила на американската правда“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Бројот на жртви од разорните земјотреси во Венецуела се искачи на речиси 4.500

Свет | пред 2 дена

media-librarysfjm4bka4q5s8ezav4e

Бројот на жртви во Венецуела се искачи на 4.118, речиси 18.000 луѓе останаа без дом

Свет | пред 4 дена

media-libraryt8lqh37rnlsn1c1jf3L

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на речиси 4.000

Свет | пред 6 дена

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Над 3.500 загинати во разорните земјотреси во Венецуела

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања