Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Спиро Ристовски: Исказот на Нинџа е невистинит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
spiro-ristovski

Поранешниот министер за образование Спиро Ристовски, обвинет како еден од организаторите на насилните настани во Сибранието на 27 април 2017 година вели дека исказот на Александар Василевски – Нинџа, што се однесува до него  не е вистинит.

– Станува збор за невистинит исказ од лицето Александар Василевски – Нинџа. На денот на настанот не сум комуницирал, ниту пак сум го сретнал во просторите на ВМРО-ДПМНЕ, како што тој тврди. Во тој период немав никаква партиска функција, не сум имал никаков контакт со структурите на партијата, изјави обвинетиот Спиро Ристовски.

— реклама —

Ристовски вели дека не присуствувал на протетстите „За заедничка Македонија“.

— реклама —

– Поединци од партијата ВМРО-ДПМНЕ колку што знам ги поддржуваа протестите, а партијата како субјект мислам не ги подржуваше. Од организаторите на протестите го знам само Богдан Илиевски, и него ретко сум го сретнал, изјави Ристовски.

— реклама —

Дента на 27 април, како што наведе, извршувал приватни работи, односно одреден период бил во Министерството за образование.

извор: Слободен печат 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања