Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Според новиот предлог закон, за да си директор треба да покажеш успеси и заслуги

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Министерството за информатичко општество и администрација, го објави текстот на работната верзија на Предлог законот за висока раководна служба. Доколку овој закон се донесе, во иднина високите раководители во администрацијата ќе се вработуваат преку јавен оглас и преку систем на заслуги. Според новиот предлог закон се воспоставува комисија за високораководна служба, составена од одреден број членови, со признаени професионални заслуги, кредибилитет и личен интегритет. Високите раководители ќе се вработуваат преку систем на заслуги и процедури на јавен оглас, во отворен натпревар достапен за сите граѓани на Република Македонија со високо образование.

Од денеска предлогот е достапен на Единствениот национален електронски регистар на прописи-ЕНЕР, каде во наредните најмалку 20 дена, сите заинтерсирани ќе имаат можност со свои коментари, забелешки и предлози да придонесат кон подобрување на текстот на Законот.

— реклама —

Од МИОА најавуваат дека секој висок раководител ќе се избира преку индивидуализирана процедура. Иницијативата за пополнување на позиција ВРС ќе ја има министерот, односно органот на власта кој е надлежен за управувањето и мониторирањето со услугата или телото во кое е предвидено раководното место. Иницијаторот ќе го даде описот на одговорностите и должностите на таа позиција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања