Според новите анкети Пендаровски води со 8 до 10 отсто пред Силјановска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
siljanovska-pendarovski

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во првиот круг ќе води со предност од 8 до 10 % пред противкандидатката Гордана Силјановска Давкова и во вториот круг ќе влезе со предност од околу 90.000 гласови. Ова го покажуваат теренските анкети спороведени по барање на СДСМ, велат за ДВ партиски извори, објави Дојче Веле.

— реклама —

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не биле достапни за DW на македонски да одговорат какви се резултатите од анкетите спроведени по нивно барање.

Извори од СДСМ велат дека не коментираат други анкети. По нивно барање досега се спровеле повеќе истражувања на јавното мислење преку различни агенции, а добиените споредбени резултати целосно се совпаѓале. Сите тие истражувања на јавното мислење биле спреведени теренски, според методот „лице в лице“ на примероци од најмалку 1.200 испитаници. Резултатите покажале дека Пендаровски во првиот круг ќе води со предност од 8 до 10% пред Силјановска и дека во вториот круг ќе влезе со предност од околу 90.000 гласови. Според тие истражувања, гласовите на Албанците во првиот круг ќе се поделат помеѓу Пендаровски и Река, во вториот круг гласачите на Река во најголем број би гласале за Пендаровски, а дел би апстинирале. Околу 80% од гласачите на ДУИ се изјасниле со сигурност ќе гласаат за Пендаровски уште во првиот круг, јави Дојче Веле.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања