Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Спречен атентат врз Заев, тврдат грчки медиуми.

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev-cipras

Грчките тајни служби спречиле атентат врз Премиерот Зоран Заев летото 2018 година. Ваков текст денеска објавија грчки медиуми кои се повикуваат на извор близок до тогашното министерство за надворешни работи и кој имал значајна улога во целиот процес, пишува Сител. Според пишувањата зад атентатот финансиски стоеле организации на дијаспората од Австралија и Канада поради гнев од потпишувањето на Договорот во Преспа со кој земјава го промени уставното име.

Службите во Грција прво го информирале тогашниот Премиер Алексис Ципрас дека во Скопје има голема мобилност против Заев, а преку грчкото МНР за ова прв бил информиран министерот Никола Димитров, а преку други “канали” информациите ги добил и самиот Заев, стои во текстот, во кој пишува дека и американските служби имале информации дека силите кои имаат интерес да не се потпише Преспанскиот договор ќе се обидат да спречат промена на Уставот од страна на Парламентот.

— реклама —

Во објавениот текст се наведува дека тогаш Американците преземале заштита на македонскиот премиер иста како и за американскиот претседател и испратиле пораки до странските амбасади и до ВМРО –ДПМНЕ дека “знаат” за позадината.

— реклама —

Дали навистина имало обид за негов атентат Премиерот ниту потврдува ниту демантира.

— реклама —

-Нема да коментирам такви информации или наводи. Кога и да имало предизвици во таа сфера, безбедносните служби крајно професионално и успешно ја завршувале својата работа. Немам дополнителен коментар, изјави премиерот Заев за „Сител“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања