Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Спречен шверц на Богородица: Криел 5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари меѓу градежен материјал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarygkcdgbramlbe3lI9Lci

Царинските службеници на граничниот премин Богородица запленија 5.000 штеки цигари без акцизни маркички, чија проценета вредност изнесува околу девет милиони денари. Во акцијата е приведен возачот на камионот, српски државјанин, против кого е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гевгелија поради сомнение за кривично дело криумчарење.

— реклама —

Според Царинската управа, товарното возило било пријавено за транзит од Грција кон Србија, а според документацијата превезувало градежен материјал – камена волна.

— реклама —
— реклама —

При детална контрола, царинските службеници над палетите со пријавената стока откриле 100 необележани кутии, во кои имало по 50 штеки цигари, односно вкупно 5.000 штеки што не биле пријавени.

— реклама —

Од Царинската управа истакнуваат дека со оваа акција уште еднаш ја потврдуваат својата посветеност во борбата против нелегалната трговија со цигари и спречувањето на прекуграничниот криминал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypfskm7gofu92aGlT28p

(Видео) Спречен шверц на 29 шишенца од лекот „Xgeva“ кој се користи за лекување малигни заболувања

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0nqp4g49m8audFaJw50

(Видео) На Богородица запленети 77 парчиња златен накит вредни четири милиони денари, скриени во перница за врат во автобус од Истанбул

Македонија | пред 1 седмица

media-library2agilgujcme15YJcmOi

Откриени 595 сребрени прстени скриени под седиштата на автомобил на Блаце

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryf75345479f0u2EX18dK

Хашиш, амфетамин и МДМА пронајдени кај германски државјанин на Табановце

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања