Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Спречен шверц на марихуана од албанска на македонска страна преку Охридско Езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
marihuana

Полицијата од албанскиот град Поградец спречила шверц на марихуана од Албанија во Македонија преку Охридско Езеро.

Упасени се две лица за кои постоеле основи на сомнение дека оваа „дејност“ ја извршувале повеќепати.

— реклама —

Запленета е дрога во помала колична, упасен е Адриан Папајани (35) од селото Худениш, а се трага по неговиот брат Фатјон Папајани (29).

— реклама —

-Истражните дејствија покажаа дека двајцата браќа, во соработка, вршеле илегална активност на трговија со дрога од Албанија, кон Македонија, преку водите на Охридско Езеро. Благодарение на добро организираната акција, спречен е шверц на помала количина марихуана. Како материјален доказ запленти се чамец, два мотора „јамаха“, две електронски ваги, соопшти полицијата.

— реклама —

Се додава дека во соработка со македонската полиција се работи на откривање и изведување пред лицето на правдата на останатите лица вклучени во оваа нелегална активност.

Полициите на двете земји се вклучени и во расветлувањето на случајот со запленетиот кокаин во Драч. Според последните информации од полицијата, во камионот со кој управувал македонскиот државјанин Назиф Ајроски (40) запленети биле вкупно 324 килограми и 400 грама кокаин, кој бил во кутии со логоата на Чикаго булс,

Пари Сен Жермен, Кензо и Диор а бил скриен внатре во шасијата на камионот.

Дрогата била откриена со скенер на втората линија на контролата пред возилото да влезе во траектот кој пловел на релација Драч-Наполи.

фото: albaniandailynews.com

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања