Во тивка, но ефикасна акција, вечерва беа одземени возилата на добро организирана група која во изминатиот период предизвикуваше сериозни штети на планината Огражден. Интервенцијата беше спроведена без помпезност и сензационализам, но со јасен резултат – запирање на дивеењето на овој значаен природен простор.
Акцијата е реализирана со одлична координација меѓу вработените служби, Шумско-полициската станица Струмица и Министерството за внатрешни работи – Струмица. Токму за овие возила, како што се посочува, во изминатиот период пристигнувале бројни реакции и поплаки од граѓаните, кои постојано ги забележувале на терен и алармирале за нивното присуство и активности.
Информацијата за акцијата и за одземените возила е објавена од Кире Михаилов, кој посочи дека институциите внимателно ја следат состојбата на терен и дека заштитата на планината Огражден останува приоритет, особено кога станува збор за организирани појави што ја загрозуваат природата и јавниот интерес.